Во ОПЕК растревожени од инвазијата на електричните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Организацијата на државите извозници на нафта (ОПЕК) сметаше дека за 23 години од сега во светот ќе има 46 милиони електрични возила, но сега истата прогноза ја зголеми за петпати и очекувањата се движат околу 266 милиони вакви возила. Со слични размислувања се и американските компании BP и Exxon.

Понудата на електрични возила и нивното сѐ поголемо учество во сообраќајот ќе ги загрози сегашните компании што се занимаваат со производство на нафтени деривати. Аналитичари укажуваат дека побарувачката на нафта до 2040 година ќе се намали за 8 милиони барели дневно, колку што е количеството што го произведуваат САД, или Иран и Ирак заедно.

Зголемувањето на бројот на електрични возила ќе се должи и на намалувањето на цената на литиум-јонскит ебатерии. Ексон Мобил“ (Exxon) својата проценка ја ревидира од 65 милиони на 100 милиони електрични возила до 2040 година, додека БП (BP) своите очекувања ги подигна за 40 отсто на 100 милиони електрични автомобили до 2035 година.

Производителите на автомобили се поскептични и нивните анализи се дека до 2025 година вкупната продажба ќе биде само 6 милиони, односно 8 милиони до 2030 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK