Во Mercedes работат на новиот ривал на Porsche Cayman

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-AMG може да понуди на светскиот пазар модел кој ќе биде силен ривал на Porsche 718 Cayman и 718 Boxster. Со оглед на тоа што продажбите на AMG SLC 43 (животниот циклус му е при крај) не одат најдобро, а тоа е главниот ривал на двата модели на Porsche сега се бара нов автомобил кој ќе биде поблизу до нив.

Идниот ривал на 718 може да добие дизајнерско решение од хиперавтомобилот на Mercedes-AMG Project One и ќе биде позициониран со цената точно под AMG GT.

Се претпоставува дека моделот Mercedes ќе биде со мотор, поставен пред задната оска. Тоа ќе го направи поскапо производството на моделот, кој сè уште нема име. Оттаму тоа го објаснува позиционирањето толку близу до AMG GT.

Проектот сè уште нема добиено зелено светло од големите шефови на Mercedes и развојот на автомобилот е во концепциска фаза. Ако тој модел влезе во сериско производство тој ќе биде петтиот автомобил создаден специјално за АМG.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK