Во Македонија пад на увозот на нови патнички автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Во првиот месец годинава увезени се вкупно 2.224 возила, покажуваат официјалните податоци соопштени од страна на Царинската управа на Република Македонија.

Тоа претставува пораст од 411 возила во однос на јануари минатата година кога биле увезени вкупно 1.813 возила. Во однос пак на претходниот месец т.е. декември, забележан е пад за 54%.

Јануари се покажа како лош месец за нови патнички автомобили. Така во јануари увезени се 364 нови патнички автомобили што е за 40 автомобили помалку од јануари претходната година.

На сметка на новите, пораст има на увозот на употребувани патнички автомобили. Увезени се вкупно 1.660 или за околу 33% повеќе од јануари 2020 година. Според Царинската управа, во јануари увезени се и 32 нови товарни моторни возила, 151 половно товарно возило и вкупно 17 автобуси и минибуси, од кои само 5 се нови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK