Во исчекување на официјалните податоци за 2020 година, Државниот Завод за статистика кон средината на минатата година ги објави податоците за бројот на регистрирани патнички автомобили за 2019 година. Според истите, во текот на целата 2019 година на територијата на Република Македонија регистрирани се 425.891 патнички автомобили.
Ова претставува значаен пораст во претходната, 2018 година, и претставува продолжување на трендот на раст на бројот на регистирани патични автомобили.
Очекувано, најмногу патнички автомобили се регистрирани во Скопје и тоа 148.891 автомобили, Следи Битола со 23.587 патнички автомобили, а Куманово е третиот град со најмногу регистирани возила и тоа 21.388 автомобили. Од друга страна, најмалку автомобили се регистрирани во Зрновци, 285 патнички автомобили.
Од скопските општини, најмногу патнички автомобили се регистрирани во Центар, 24.543 автомобили. Следи Општина Карпош со 21.311 автомобили, па потоа Општина Аеродром со 22.716 автомобили.
Најмалку патнички автомобили во 2019 година во скопските општини, регистрирани се во Шуто Оризари, само 2.419 автомобили. Најголем дел од регистрираните 148.891 патнички автомобили во СКопје, се со бензински мотор, 79.051 додека со дизелски се 67.935. Електрични автомобили се само 37.