сабота, 26 февруари, 2026 година

Во Лондон ќе се вози со максимум 32 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Градоначалникот на Лондон објави дека како дел од планот за зголемување на безбедноста на Vision Zero етапно и по зони, градот почнува да прифаќа ограничување на брзината на патот на 32 км/ч (20 милји).

Воведувањето на новото ограничување на брзината во Лондон ќе биде спроведена со промена на инфраструктурата на улиците, монтирање на дополнителни камери за мерење на брзинат и зголемено присуство на полицијата на улиците.

- Advertisement -

Главната цел, која е поставена од страна на раководството на Лондон е намалување на бројот на загинати или сериозно настрадани на лондонските улици за 65 проценти до 2022 година во однос на податоците од периодот од 2005 до 2009 година.

Друга важна цел која е поставена е доведувањето на бројот на загинати од или во автобусите од Лондон до 0 до 2030 година. За да се исполни целта, сите такви нови превозни средства ќе бидат опремени со интелигентен асистент за брзина уште оваа година, а после спроведувањето на тестовите се очекува и интегрирање на системот за автоматско сопирање во итни ситуации.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја