Какви сè автомобили возат односно во какви автомобили се возат светските лидери? Самата важност на позицијата и функцијата која ја извршуваат придонесува светските лидери (претседатели, премиери, членови на кралски семејства) да се возат во ултра луксузни автомобили опремени со најнапредна технологија, а неретко и целосно блиндирани.
Претседателите на најмоќните сили во светот возат супер луксузни и моќни автомобили. Така Доналд Трамп, претседателот на САД се вози во Cadillac One aвтомобил специјално дизајниран за претседателот на САД чија вредност се проценува на 2 милиони американски долари. За претседателот на Русија исто така е изработен специјален автомобил наречен Кортеж кој е целосно блиндиран и располага со 850 КС.
Многу државници се лојални на своите национални брендови. Така премиерот на Италија како и претседателот за службени возила користат Lancia Thesis, кинескиот претседател Hongqi L5 додека пак чешкиот претседател се вози во Skoda Superb.
Верни на своите национални автомобили се и кралот на Шведска кој вози Volvo S80, претседателот на Јужна Кореја чиј службен автомобил е Hyundai Equus како и претседателот на Франција, Емануел Макрон кој на своите патувања се вози со DS 7 Crossback.
Еве графички приказ во што се возат 45 светски лидери..
Иако автомобилите во кои се возат светските лидери изобилуваат со луксуз, има и такви претседатели кои се многу скромни.
Колку и да звучи неверојтано, поранешниот претседател на Уругваj, Хозе Мухица, за свое службено возило го имаше својот автомобил, VW Буба од 1987 година.