Во Источна Европа, и во Македонија може да заврши „дизелскиот отпад“ од Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Се проценува дека во следните пет години околу 14 милиони автомобили со стар дизелски моторот ќе бидат заменети со нови. Дел од тие стари автомобили ќе бидат уништени, а дел ќе завршат во Источна Европа, на Балканот, Азија и Африка.

Одлуката повеќе градови во Европа да ги забранат дизелските возила, спогодбата меѓу некои производители и германската влада за поправање на софтверите кои досега ги лажираа податоците за емисијата на штетни гасови и најавените субвенции до 10.000 евра за купување на нови еколошки возила, „исплаши“ многумина во Источна Европа. Тоа е местото каде сите очекуваат да бидат продадени старите автомобили.

Се проценува дека во следните пет години околу 14 милиони автомобили со стар дизелски моторот ќе бидат заменети со нови. Дел од тие стари автомобили ќе бидат уништени, а дел ќе завршат во Источна Европа, на Балканот, Азија и Африка.

Според статистиката од Царинската управа на Македонија, во првите шест месеци од годинава се увезени вкупно 14.260 патнички возила, од нив нови автомобили се 2.779, а дури 9.987 се употребувани возила. Нема точна бројка на увезените половни автомобили претходните години во Македонија, но според прогнозите тие се движат околу 200.000. Според некои статистички показатели дури 79,4 отсто од автомобилите во земјава, или околу 305.000 возила се постари од 10 години.

Во моментов во Македонија на сила е закон според кој може да се увезе автомобил што исполнува минимум Евро 4 стандард, а тоа се возила произведени од 2005 година па наваму. Таа одлука важи од 1 јули 2016 година.

Македонија е дел од Источна Европа, и се очекува она што ќе биде „отфрлено“ од Германија да дојде и кај нас, вклучително и во Романија, Бугарија и Србија. Во Србија се очекуваат околу 300.000 половни дизелски возила во следните три години да стигнат од Германија. Но, и една земја од ЕУ е особено загрижена за можноста да биде преплавена со половни возила.

Во Полска две третини од вкупно 1,5 милиони регистрирани возила всушност се половни, увезени од Германија.
„Пазарот на половни возила во Полска, од 2011. година наваму е во постојан пораст. Само од 2015. до 2016. година, се констатира во последниот годишен извештај на Здружението на автомобилски фабриканти во Полска, е забележан раст од 20 проценти. Две третини од годишните први регистрации во Полска денес се за половни возила, а само една третина за нови автомобили. Годишно првпат се регистрираат вкупно околу 1,5 милиони патнички автомобили, а повеќе од половината од нив се постари од десет години и со тоа еколошки штетни користени автомобили (54 насто). За домашните трговци со половни возила, Полска не игра позначајна улога како транзитна земја кон Истокот, пишува радио Дојче Веле на македонски јазик.

Според Јакуб Фарис, претседател на Здружението на автомобилски фабриканти во Полска, јасно е дека старите возила ќе завршат во Источна Европа. таму сѐ уште постојат закони според кои може лесно да се увезат дизесли возила кои задоволуваат постари Евро старндарди
„Доколку старите дизел-автомобили во Германија не се уништуваат, тогаш нам ни се заканува проблем. Овие автомобили ќе бидат евтини и за нив во Полска ќе има голема побарувачка“, стравува Фарис. „100.000 дизел автомобили стари до седум години не се драма, но еден милион уште постари возила, би претставувале веќе вистинска катастрофа

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK