Во Истанбул претставан е Torres EVX кој нуди гаранција од 1 милион километри

ОБЈАВЕНО НА:

Torres EVX е првото електрично возило наменето за глобалниот пазар кое производителот го лансираше по извршената промена на името во KGM. Од минатата година корејскиот производител се ребрендира: името SsangYong е заменето со KGM (KGMobility). Новиот мнозински акционер доаѓа со јасна визија: проширување на производната гама и зголемено присуство на глобалниот пазар

Надоврзувајќи се на успешниот настап на моделот Torres, Torres EVX се претставува како возбудлив и автентичен SUV во форма на високо-ефикасен електричен автомобил. Иако новиот EVX го дефинираат силни стилски линии, тој се истакнува со моќта на електричниот погон кој истовремено ги нуди придобивките на еден високо-ефикасен електричен автомобил во комбинација со традиционален SUV кој овозможува исклучителни off-road карактеристики.

Од самиот старт, Torres EVX беше конципиран како високо-ефикасен електричен автомобил за секојдневна употреба, додека истовремено ги нуди придобивките на еден традиционален SUV кој овозможува исклучителни off-road карактеристики, масивен изглед и одличен товарен простор за носење на се што ви е потребно за максимално уживање во слободните активности на отворено.

Неговиот цврст изглед и масивниот товарен простор го прават идеален за уживање во слободните активности на отворено. Токму заради оваа карактеристика, EVX е вистински авантурист во споредба со мноштвото SUV-а кои се повеќе фокусирани на урбаниот простор.

Torres може да се персонализира со избор од 12 надворешни бои. Седум единечни бои: Grand White, Iron Metal, Platinum Grey, Forest Green, Latte Greige, Dandy Blue и Space Black, и пет 2-тонски бои во комбинација со црн кров. Внатрешноста нуди различни опции за комбинирање на бои за да го надополни избраниот надворешен изглед.

Палетата на бои вклучува Charcoal Black (еднобојна), Rawhide Brown (еднобојна) како и Teal Grey и Greige White (двобојна), така што ваше е само да го изберете стилот што одговара на вашиот личен вкус.

Надоврзувајќи се на “гените” на Torres, новиот EVX нуди супериорна искористеност на просторот во однос на конкуренцијата и е многу подобен за слободни активности во природата – едноставно може да се трансформира во кампер-возило или да му се надогради шатор.

Со растојанието од 169 мм од земја, ќе ви понуди панорама на искуства кога ќе тргнете надвор од патот за да избегате од секојдневието.

Целосно електричниот Torres EVX нуди доволно простор за седење во вториот ред благодарение на великодушната внатрешна височина и ширина со 1.047 mm простор за главата и 916 mm за нозете, додека седиштата исто така можат да се навалат од 27.5 степени до 32.5 степени, овозможувајќи оптимален комфор при долги патувања.

Дополнително, багажниот простор од 703 литри (со багажна табла, согласно VDA нормата 213) или 839 литри кога е вклучен целиот “скриен” простор, ќе ги задоволи сите ваши потреби за уживање во слободното време.

Веќе широко распространета технологија меѓу водечките светски производители на електрични возила, литиум-железо-фосфатна (LFP) батерија се вградува и во Torres EVX. Нејзините главни прифобивки се: зголемена безбедност, издржливост, избегнување на ризикот од пожар, како и заштита од јаки надворешни удари.

Новата технологија на оваа батерија од следната генерација, позната како „Cell to Pack“ означува поставеност на ќелиите директно во батерискиот пакет заради поголема енергетска ефикасност и зголемена безбедност, додека топлинската пумпа помага да се минимизира ефектот на ниските зимски температури врз опсегот на движење.

Torres EVX е опремен со електричен погон 3-во-1 со висока моќност и мотор со моќност од 152.2 kW кој испорачува вртежен момент од 339 Nm за ефикасно и стабилно возење.

Тука е и интегрираниот контролен модул за напојување 3-во-1 заради ефикасно управување со уредот за дистрибуција на енергија, вградениот полнач и конверторот за еднонасочна струја (DC), додека за прв пат во KGM (наскоро и во целата палетата на наши), инсталирана е т.н. “аеро бленда” заради подобрување на коефициентот на отпор (Cd).

Благодарение на овој оптимизиран дизајн, Torres EVX постигнува опсег на возење од 462 километри во WLTP режимот, повеќе од доволно за секојдневните потреби, како и за долги патувања со едно полнење.

Torres EVX е единствен меѓу електричните теренци со тоа што нуди најдолга гаранција за батериите од 10 години и 1 милион километри

Испораката на меѓународните пазари започна лани во Декември и ќе се продава низ целиот свет. На пазарите во Европа ќе може да се купува набргу по ова претставување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK