Германски Mercedes – Benz знае често да има сервисна акција на своите модели откако ќе открие некоја неправилност при функционирањето на одреден дел или систем. Сега на крајот од месец јули во ист ден дури седум модели добија „наредба“ да поправат неправилност во функционирањето.
Во предупредувањето зошто моделите треба да бидат опфатени со сервисна акција и да сметка на производителот да се отстрани дефектот се вели:
„Левата задна брава и заклучување на задното седиште не е во согласност со спецификациите. Ова може да доведе до дефект на наслонот на седиштето и проблем со системот за заклучување на седиштето
во случај на несреќа со што се зголемува ризикот
на повреда“.
Моделите што се опфатени со сервисната акција се произведени во периодот од 24 јануари до 25 мај 2020 година. Се работи за следните модели.
Mercedes-Benz C-Class (2020)
Mercedes-Benz E-Class (2020)
Mercedes-Benz GLC (2020)
Mercedes-Benz AMG GT (2020)
Mercedes-Benz EQC (2020)
Земјата на потекло на возилата што треба да заминат на сервис е Германија. Исто така од таму потекнува и предупредувањето за откриените проблеми.
Вакви модели биле продадени на купувачи и во Грција, Ирска и Словенија.
Дополнително, уште два модели произведени во 2019 година исто така ќе треба да одат на сервис. Моделите на Mercedes-Benz GLE и GLS погодени од ова повлекување се произведени меѓу 15 март и 24 септември 2019 година.
Проблемот кај нив е што „Заптивката на клипната лента на амортизерите не ги исполнува барањата за издржливост. Ова може да резултира во навалување на возилото со целосно оптоварување во своици, при што се зголемув ризикот од несреќа“се вели во објаснувањето.
Земјата на производство на моделите е Германија, и токму од таму стигнало и предупредувањето за можните проблеми.