Во Иран ќе се произведува старата Dacia Logan

ОБЈАВЕНО НА:

По две години пауза во Иран поново ќе започне производството на првата генерација на Dacia Logan. До 2018 година Pars Khodro заедно со Renault го произведуваа овој модел, но поради санкциите наметнати од САД и Европската Унија, Renault како и останатите производители мораа да се повлечат од 84 милионскиот пазар.

Сега производството повторно се рестартира, но без помош од Renault. Директорот на SAIPA, Џавад Солејмани наведува дека 85% од деловите кои се вградуваат се произведени во Иран, а само 15% се од увоз.

Минатата година Iran Khodro Company го започна производството на стариот Peugeot 301 без при тоа да биде вклучен францускиот производител во било која фаза од производствениот процес.

Инаку првата генерација на Logan оригинално се произведуваше во периодот од 2004 до 2012 година во Романија, а по оваа година производството продолжи во Колумбија, Русија, Индија, Иран и Јужна Африка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK