GM планира драстично да ја намали тежината на автомобилите, а истовремено да ја подобри цврстината и тоа благодарение на 3D принтаните делови.
Како што потврдуваат од General Motors тие ќе бидат првиот авто производител во Северна Америка кој ќе го користи најновиот софтвер на Autodesk преку кој GM ќе развива ефикасни и полесни алтернативни погонски возила и возила со т.н. нула емисии. Софтверот може да генерира илјадници различни дизајни, а останатото останува на инжинерите кои треба да го одберат најдобриот можен дизајн на тој дел.
“Оваа технологија обезбедува огромни достигнувања во поглед на можноста да дизајнираме и развиваме компоненти на нашите идни возила и да ги направиме истите полесни и поефикасни” изјави вицепретседателот на GM, Кен Келцер. Тој додаде дека благодарение на овој софтвер и 3D печатењето, GM може да создаде единствени дизајни кои значително ќе ја намалат вкупната тежина на автомобилите.
Во минатото возилата на GM имаа проблем со преголемата тежина, а благодрение на интерните истражувачки програми за развој на новиот Chevrolet Silverado му е намалена тежината за 204 kg. Во иднина сите GM автомобили ќе бидат со 3D принтани делови.