Во иднина, раскрсниците ќе бидат без семафори (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите во просек минуваат два дена годишно зад воланот чекајќи да се вклучи зелено светло на семафорот, а тоа во иднина би можело да се избегне благодарение на технологијата „комуникации“ меѓу возилата кои приоѓаат на раскрсница од различни правци.

Една од компаниите кои ја развиваат оваа напредна технологија е и америкаснкиот Ford. Нивниот систем за комуникации меѓу автомобилите, Intersection Priority Management (IMP), функционира така што возилата кои приоѓаат на раскрсница од различни правци меѓусебно разменуваат податоци за позицијата, правецот и брзината на движењето.

На основа на овие информации, компјутерот пресметува и прикажува на дисплејот идеална брзина за секој од нив за да може безбедно да биде помината раскрсницата без запирање и семафори. На снимката може да се види како овој систем функционира.

Во Ford велат дека освен што им шреди време на возачите оваа технологија ја унапредува безбедноста во сообраќајот со оглед на тоа дека во САД речиси 60% од несреќите се случуваат на раскрсници.

Во овој случај, системот е замиследн така што функционира со возачите кои управуваат со своите автомобили, но за во иднина би требало да биде применуван на автономните возила со кои управуваат компјутери. Тоа барем во теорија би требало да биде значително побезбедна опција бидејќи од процесот на одлучување човечкиот фактот е потполно исклучен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK