недела, 25 декември, 2025 година

Во иднина на секоја Ф1 трка може да се користи различен дизајн на кацигите

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Формула 1 го укина правилото што го ограничуваше бројот на различни дизајни на кацигите што возачот може да ги носи во текот на една сезона. Раководното тело во авто спортот, ФИА, во петокот соопшти дека нејзиниот Светски мотор совет се состанал во Женева и ја одобри измената на спортските регулативи за 2020 година „за да се овозможат неограничени варијации на дизајни на кацигите на возачите меѓу трките“.

Правилото беше воведено во 2015 година, чија цел беше да им помогне на навивачите да ги идентификуваат возачите на патеката, со кое беше воведено дека кацигата треба да биде иста на секоја Ф1 трка.

- Advertisement -

На возачите им беше дозволен еден исклучок на трка во текот на сезоната, според нивен избор, а дозволена е промена и доколку се промени тимот во текот на сезоната.

Правилото беше критикувано од страна на возачите кои се бунеа дека на тој начин им се оневозможува да прослават некоја специјална прилика, ако претходно веќе еднаш направиле промена на дизјанот на кацигата во текот на сезоната.

https://twitter.com/MercedesAMGF1/status/1236328254815883264?s=20

Хамилтон побара помош од навивачите околу дизајнот на неговата кацига

Воведувањето на системот за заштита на главата што ја опкружува пилотската кабина ги направи кацигите помалку видливи, а исто така се користат и други средства за идентификување на оние зад воланот.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја