Во Германија се повлекуваат и Porsche Panamera автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Групацијата на Volkswagen се уште има проблеми со дизелските мотори на одредени модели и породолжуваат повлекувањата на некои модели. Сега во Германија интензивно се повлекуваат Porsche автомобилите. Откако претходно беа повлечени моделите Cayenne и Macan, сега германскиот производител работи и на повлекување на автомобилите од моделот на Panamera.

Ова следи откако германските влади, поточно Федералната транспортна служба на Германија (KBA) нареди задолжително повлекување на овој модел како последица на манипулирањето со издувните штетни гасови на дизел моделите. Системот за прочистување на издувните гасови продуцира зголемено ниво на азотни оксиди, далеку над дозволеното.

Инаку во рамките на оваа истрага во Porsche, до сега против тројца менаџери на овој производител се води истражна постапка, а еден од нив е и уапсен.

Германскиот производител кој е дел од Volskwagen групацијата, се најде во центарот на овој скандал откако минатата година  на TÜV Nord тестовите во германскиот град Есен беа утврдени различни софтверски програми кај моделот Cayenne кои гарантираат дека граничните вредности нормални вредности на издувни гасови при лабораторискиот тест. Сепак KBA успеа да ја открие оваа измама по што сојузниот министер за транспорт Александар Добринт нареди повлекување на SUV моделите на овој производител.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK