Во Германија се плашат од автономни возила?

ОБЈАВЕНО НА:

Иднината на автомобилските производители е во автономните возила? Според оваа визија тогаш човек ќе биде само патник, а работата со управувањето на автомобилот ќе се извршува од компјутери. Вештачката интелигенција (AI) исто така сè почесто ќе го презема командувањето по улиците. Сепак, како возачите го примаат ова? Навистина ли сакаат да се откажете од воланот?

AutoScout24 заедно со Innofact спроведе репрезентативно истражување меѓу германските сопственици на автомобили. Генерално, 53 проценти од германските сопственици на автомобили, практично мнозинство, се изјасниле против одобрувањето на автономни автомобили на патиштата низ Германија, а 47 проценти се за.

Особено жените и возачите на возраст над 50 години не сакаат да знаат ништо за новата технологија. Дури 64 проценти од жените велат дека можат да се справат на воланот без компјутер, а само 36 проценти го поздравуваат автономното возење. Мислењето кај мажите е поразично. Само 42 проценти од испитанциите одбиваат автомобили без возач, додека 58 проценти се за нивна примена.

Кои се причините за овој скептицизам? Една третина од анкетираните велат дека претпочитаат да возат самите. Тоа е одлучувачкиот момент особено за жените и за возрасните. 43 проценти од возачите на возраст над 50 години одбиваат компјутерски автомобили поради оваа причина.

Покрај ова 17 проценти од германските сопственици на автомобили веруваат дека технологијата ќе доведе до повеќе инциденти и затоа се против. 16 проценти од испитаниците сметаат дека инвестициите, кои одат во автономните автомобили одат во погрешна насока.

Има и добри причини во корист на автономното возење. 30 проценти од сопствениците на автомобили изразуваат надеж дека технологијата ќе доведе до поголема сигурност на патот на долг рок. Една четвртина (24 проценти) гледат економски прични за одобрување на автономни превозни средств во Германија и велат дека германската автомобилска индустрија не треба да ја потценува и пропушта врската со оваа технологија.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK