Во Германија поставуваат знаци „Забрането за дизел возила“

ОБЈАВЕНО НА:

Хамбург е првиот град во Германија кој одлучи да го намали загадувањето на воздухот со тоа што ќе забрани движење на дизел возилата после 31 мај. Градоначаликот планира да биде исполнета одлуката на Сојузниот Управен суд на Германија, која се однесува на забрана за движење на превозни средства со мотори на нафта во наслени места.

Од градското собрание на Хамбург велат дека засега забраната се однесува само на два дела од улицата „Алтон Норд“, а забената важи за сите дизел автомобили кои не ги исполнуваат стандардите Евро-6.

Минатата недела беа поставени и соодветни патни знаци на кои стои дека е забрането движење на дизел возилата по тој дел од улицата.

На почетокот на 2018 година во Хамбург се регистрирани 264.000 превозни средства со дизел мотори, а од нив само 96.000 одговараат на нормата Евро-6. Тоа значи дека близу 168.000 жители во градот нема да можат да ги возат своите автомобили во зоната на забраната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK