сабота, 25 декември, 2025 година

Во Германија нов институт ќе ги тестира возилата за CO2 и за потрошувачка

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германија ќе формира нова организација за тестирање на емисијата на издувни гасови кај автомобилите со цел да се врати довербата на купувачите по скандалот со Volkswagen групацијата и дизелгејт аферата.  Според германскито министерство за транспорт, новиот институт ќе вклучува луѓе од организацијата на потрошувачи, локалните власти и групите за заштита на околината, исто како и членови од министерствата и автомобилската индустрија. Тоа би било со цел тестирањата да бидат потранспарентни и поверодостојни.

Одговорните од KBA кои му реферираат на министерството за транспорт и досега ги надгледуваа тестирањата на возилата ќе остане одговорно за лиценцирање на нови модели.

- Advertisement -

Според министерството, новиот институт ќе тестира околу 70 модели во текот на годината во реални услови, а не во лабораториски, и сите резултати во однос на емисијата на гасови и потрошувачката ќе бидат јавни за да може купувачот да направи споредба.
Се напоменува дека во моментов не се зема предвид дали возилото има вклучено клима или радио, и не се зема предвид стилот на возење, а сето тоа влијаа на потрошувачката на гориво.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја