Продажбата и популарноста на електричните возила во Германија ги надминаат очекувањата, па сега на повидок е недостаток на полначи за електричните возила.
Според студијата спроведена од Министерството за сообраќај, до 2030 година ќе мора да бидат обезбедени 440.000 полначи.
Само за споредба, во моментов во Германија има само 33 илјади електрични возила што не се доволно. Според оптимистичкото сценарио за продажба, до 2030 година можно е да се потребни и нешто повеќе од 840 илјади додатни полначи.
Според истата студија, на 14 возила во урбаните средини потребно е еден полнач, а во руралните средини, еден полнач е потребен на 23 електрични возила.