Германија дефинитивно е водечката земја во Европа во однос на инфраструктурата за електрични автомобили. Тоа е така пред се поради домашната автомобилска индустрија и веќе вложените над 10 милијарда евра од страна на големите германски производители.
На саемот во Франкфурт, Ангела Меркел ги поттикна домашните производители да инвестираат во производството на електрични автомобили, а Социјал-демократската партија на Германија која е во коалиција со партијата на Ангела Меркел го презентираше и планот за подобрување на инфраструктурата за електрични автомобили.
Според планот до 2030 година предвидено е да се изградат речиси еден милион станици за полнење на електрични автомобили, а за таа цел ќе бидат издвоени околу 40 милијарди евра.