Во Германија има најмногу фабрики за автомобили – еве колку и кој се поседува

ОБЈАВЕНО НА:

Германија е земјата со убедливо најмногу фабрики за производство на автомобили во Европа. Во оваа земја има вкупно 24 фабрики, што ја прави Германија лидер на листата пред Велика Британија, Шпанија и Италија.

Најголем дел од фабриките се во сопственост на домашните производители на автомобили. Очекувано, најмногу има Volkswagen Групацијата и тоа и тоа 10 лоцирани во Дрезден, Емден, Хановер, Ингоштад, Лајпцих, Некарсулм, Оснабрик, Волфсбург, Цуфенхаузен и Цвикау.

Тука е и Daimler со пет фабрики лоцирани во Дизелдорф, Бремен, Лудвигсфелд, Раштат и Зинделфинген. BMW поседува четири (Динголфинг, Лајпцих, Минхен и Регензбург).

CATL и StreetScooter поседуваат по една, а две поседува Ford (Келн и Сарлуис). PSA Групацијата по аквизацијата на Opel поседува две фабрики.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK