Во Валенсиенс, на северот на Франција и официјално стартуваше произвдоството на новата, четврта генерација од моделот Yaris.
Компанијата TMMF (Toyota Motor Manufacturing France) која е компанија ќерка на Toyota претходно за оваа цел инвестираше околу 300 милиони евра за модернизација и прилагодување на фабриката, а при тоа оваа инвестиција се однесува и на веќе најавениот Yaris Cross модел кој во производство влегува на почетокот на следната година.
Од претходно е познато дека новата генерација се темели на TNGA-B платформата која за прв пат ќе се користи кај овој модел. Покрај Toyota Safety Sense 2.0 системите за безбедност и асистенција, новиот Yaris доаѓа и со целосно нова внатрешност. Под хаубата доаѓа со стандардниот 1.5 литарски бензински мотор со 106 КС. Тука ќе биде и 1.0 литарскиот и 1.3 литарскиот бензински мотор. При тоа во понудат ќе биде достапен и со мануелен и со автоматски менувач.
Во продажба новата генерација на Yaris започнува уште овој месец.