Новата шеста генерација на VW Polo ќе биде промовиранa на саемот во Франкфурт есенва. Градскиот модел треба да биде многу поразличен во однос на сегашнoто возило, и ќе биде базиран на новата MQB-A0 платформата, збогатена со нови подобрени верзии на мотори и нова суспензија.
Во однос на димензиите сега новото Polo ќе биде подолго и пошироко, но без оглед на зголемените пропорции ќе биде полесен во однос на сегашниот, тврди магазинот Autocar.
Повеќе нови надворешни детали треба да му овозможат на Polo да биде поприфатлив за купувачите, со кос покрив, редизајнирани фарови и поинаков заден дел.
За разлика од новата Ibiza со пет врати, понудата на Polo ќе биде со верзии со три и со пет врати. Засега не се знае дали VW ќе понуди Crosspolo односно нешто како СУВ варијанта, а компанијата работи на продукциска верзија на модел што се базира на T-Cross Breeze SUV concept.
Внатрешноста ќе биде со квалитетни материјали и фина завршна обработка, а слично како и кај моделот Golf, и сега ќе има најнова технологија. Тоа подразбира дигитален инструмент дисплеј, најнов инфо забавен систем и голема палета на активни системи за безбедност.
Кога станува збор за моторите, кај новото Polo се очекуваа замена за 1.4 литарскиот TSI и тоа со новиот 1.5 TSI со 128 КС и 148 КС верзии. Основниот модел ќе има трицилиндричен 1.0 литарски бензински мотор со 64 КС, 74 КС и 113 КС. Дизелските мотори ќе имаа две верзии на 1.6 литарскиот TDI.
За најсилната Polo GTI се шпекулира дека ќе биде со 2.0 литарски TSI со над 200 КС.