Oд Ford најавија дека ќе го запрат производството на сите свои модели надвор од СУВ и кросовер сегментот за пазарот во Северна Америка, но од компанијата велат дека ова нема да биде сè. Планот е да има уште поголеми промени во стратегијата.
Најверојатно сето ова се однесува за пазарот во Европа, кој носи помала заработувачка за компанијата од онаа во САД. Можно е дел од сегашните модели во понудата на Ford за Европа да бидат запрени.
Сигурно ќе има „сечење“ на буџетот и во Јужна Америка каде пазарот има сосема различни карактеристики во однос на Северна Америка и Европа.
Минатата година, Ford продаде 1,56 милиони возила во Европа, Турција и Русија, а тоа претставуваше пораст од 4,1 проценти во однос на 2016 година. Се смета дека една од причините за намалената заработувачка е скапото лансирање на новата Ford Fiesta.