Во фабричко депо се крие BMW M5 со мотор од McLaren F1

ОБЈАВЕНО НА:

Во складовите на BMW се наоѓа експериментална М5 Touring E34 со мотор од McLaren F1 со 12-цилиндри. Ова го тврди поранешниот шеф на компанијата од Британија, Дејвид Кларк во разговор со водителот на Top Gear,  Крис Харис. Возилото било направено за тестирање на моторот и никогаш не било прикажано во јавност.

Легендарниот McLaren F1 должи голем дел од славата  на атмосферскиот V12 со обем од 6.1 литар, а од многумина е сметан за најдобриот мотор во историјата. Моторот е дизајниран од генијалниот инженер, Пол Роше, и развива 627 КС и има максимален вртежен момент од 617 Нм.

Причината инженерите на M-дивизијата да го одберат името M5 Touring за тест возилото не е сосема јасна, но најверојатно има врска со капацитетот и големиот багажник.

Од моделот E34 са се произведени едвај 891 М-петка со каросерија комби, опремени се со редовниот шестцилиндричен S38B38 со моќност од 340 коњски сили и 400 Нм.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK