вторник, 26 јануари, 2026 година

Во Европа изгласани поголеми обештетувања ако возовите доцнат

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Европскиот парламент даде поддршка за смена на правилата за патниците кои патуваат со воз во земјите од Европката унија.

Според ова ќе бидат воведени појасни начини за поднесување на жалби со цел патниците со ограничено движење и велосипедистите да добијат подобар пристап до превозните средства.

- Advertisement -

Европскиот парламент ги повика железничките компании да го подобрат пристапот до информациите за правата на патниците и да го зголемат надоместувањето при доцнењето на возовите.

Повисоко обештетување при големи доцнења

Членовите на Европскиот парламент се согласни при доцнење на возовите од над еден час патниците да бидат обесштетувани со 25 до 50 проценти од цената на билетот. Во тие случаи патниците ќе имаат право да бараат обесштетување и можност дали да го продолжат патувањето или да бидат пренасочени. Ќе имаат право на 75 проценти обесштетување од цената на билетот во случај возот да доцни час и пол, како и полна сума на билетот доколку доцни над два часа.

За да се избегне блокирањето на патници во случај на испуштена врска од патувањето со неколку преседнувања, патниците ќе ги имаат исите прва на информација, помош и обесштетување, како и при непрекинато патување меѓу два крајни терминали. Парламентот го отфрла предлогот за ослободување на железничките компании од обврската за исплаќање на обесштетувањето во случај на вонредни услови.

Подобра помош за лица со проблеми во движењето

Помошта за лицата со проблеми во движењето треба да биде бесплатна и достапна на поголемите станици без потреба за претходно известување. Вака решија европските пратеници кои бараат раководствата на железниците целосно да ги обесштетуваат патниците при загубена или оштетена опрема за помош при движење.

Повеќе место за велосипеди

Патниците имаат право да ги земат своите велосипеди во сите возови. Новите или обновени возови треба да имаат добро дефинирани простори за превоз на велосипеди.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја