среда, 25 декември, 2025 година

Во едно деноноќие има по 10 потешки незгоди – 96 отсто се со повредени лица

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Според податоците од МВР на македонските патишта има тренд на намалување на сообраќајните несреќи, и тоа за околу 7 отсто во просек. Сообраќајните незгоди со потешки последици бележат намалување споредено со претходните две години.

Најновата анализа на МВР вели дека најголем дел од незгодите се случиле на подрачјето на Скопје (38,8 од вкупниот број), но сепак нивниот број е намален во однос на минатата година (2017). Најмногу незгоди со потешки повреди имало вбо Скопје – 1.452, и нјамногу загинати – 32. На второ место според сообраќајки со потешки последици е Тетово – 451 (15 загинати), а Битола – 371 (18), а најмалки имало во Велес – 288 (4).

- Advertisement -

Речиси 73 отсто од незгодите се случиле на улиците во населени места, а останатите надвор од населено место, најмногу н арегионалните патишта – 330, а најмалку н амагистралните – 138 незгоди.
Според видот н аслучувања најбројни се меѓусебни судирања на возила во движење – 56,7 отсто, потоа 21,6 отсто од незгодите се случиле поради удар на возило со пешак, а само три незгоди се поради удар на животно на патот.

Број на незгоди во последните три години – Извор: МВР

Според трендот на случувања на незгодите по месеци, најмногу се случиле во јули, август и септември. Тогаш имало најмногу повредени – 1.882, и најмногу загинати – 44.
Според временскат рамка, најмногу незгоди низ улиците во населените места се случиле во утринските часови во време од 6 до 8 ласот, и во попладневните ласови во период од 16 до 18 часот. Критичен период на патиштата надвор од населените места е 14 до 17 часот. Најголем дел од сообраќајните незгоди се случиле во понеделеники сабота (над 550), а најмалку во недела (502).

Статистика за 2018 година – Извор: МВР

Управувањето со возило со брзина поголема од дозволената е причина број 1 за случување на 638 незгоди во кои загинале повеќе од 32 отсто од лицата.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја