понеделник, 25 декември, 2025 година

Во Драчево „паднаа“ 78 возачи, во Битола 87

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Како дел од акцијата за засилени контроли во сообраќајот полицијата денеска во период од 10 до 16 часот полициски службеници од ОБПС Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во областа на сообраќајот во населба Драчево во Скопје.

Санкционирани се 78 возачи, од кои 18 возеле побрзо од дозволеното, деветмина возеле без возачка дозвола, тројца возачи управувале нерегистрирано возило, а еден возел под дејство на алкохол.

- Advertisement -

На територијата на Битола санкционирани се вкупно 87 возачи, од кои 41 за возење со поголема брзина од дозволената, 11 за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја