сабота, 25 декември, 2025 година

Во Чешка ќе се вози до 150 km/h на автопатите почнувајќи од септември

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Чешка ќе стане првата земја во Европската унија што ќе тестира зголемување на дозволената брзина на автопатите на 150 km/h. Новиот систем со електронски сообраќајни знаци веќе е поставен, а пилот-проектот ќе почне официјално кон крајот на септември.

За почеток, зоната со зголемено ограничување опфаќа 50 километри од автопатот D3, на делницата помеѓу Tabor и Ceske Budejovice, во правец кон Линц. Таму се инсталирани 42 променливи електронски знаци, кои овозможуваат автоматска промена на ограничувањето на брзината според условите на патот.

- Advertisement -

Системот предвидува зголемување на брзината на 150 km/h само при добри временски услови и нормален проток на сообраќај. Ако има дожд, снег или мраз, брзината автоматски ќе се намали за 20 km/h.

Во проектот се вложени 2,2 милиони евра, а властите веќе најавија дека доколку пилот-програмата се покаже успешна, ваков режим ќе биде воведен и на други клучни делници – меѓу нив и автопатот D1 кон Острава и D11 кај Hradec Kralove.

Со овој чекор, Чешка не само што сака да им понуди повеќе удобност и побрзо патување на возачите, туку и да покаже како технологијата и „паметните“ знаци можат да создадат побезбеден и пофлексибилен сообраќаен систем.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја