недела, 25 декември, 2025 година

Во Битола „фатени“ 40 лица што возеле без возачка, а „само“ 34 за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ако мислиме дека во сообраќајот има најмногу „бесни“ возачи кои ги управуваат своите возила со поголема брзина од предвидената, сосема спротивна вест доаѓа од Битола.

Таму МВР во текот на еден ден кога спроведе засилени сообраќајни контроли „фати“ дури 40 возачи што управувале без возачка дозвола. Тоа е многу повеќе во однос на оние што возеле со поголема брзина од дозволената.

- Advertisement -

Изречени биле вкупно 233 санкции, меѓу кои 27 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила) а 34 за пречекорување на брзина.

По Гостивар и Куманово кои имаа над 60 казнети возачи за само 1 час, сега новиот неславен рекордер е Битола. Таму полицијата напиша 90 казни за само 1 час контролирање на сообраќајот.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја