Откако Владата го предложи, а Парламентот едногласно усвои, поскапувањето на патарините во Србија стартува на почетокот на август. Ова за српските медиуми го изјави Зоран Дробњак, директорот на Putevi Srbija.
Со ова ќе се реализира и во пракса усвоениот закон според кој патарините ширум земјата поскапуваат за 12%.
Според новиот ценовник, патарината од Нови Сад до Белград би чинела 235 динари наместо досегашните 210 динари додека од Белград до Суботица ќе мора да платите 627 динари наместо досегашните 560 динари.
На оваа одлука јавноста во Србија отворено изрази незадоволство, но и покрај тоа и иницијативите за неспроведување на законот, на крајот поскапувањето ќе важи за сите, од следниот месец.