Во 2024 речиси половина од новите автомобили доаѓаа од Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Иако 2024 година можеби не е запаметена како добра година за автомобилската индустрија, производителите продолжија да лансираат на пазарот нови производи, покажувајќи дека сè уште има можности и дека потрошувачите имаат поголем избор од кога било досега.

Од јануари 2024 година, индустријата забележа воведување на 162 нови модели (со исклучок на лесните комерцијални возила и лансирање на исто возило под друга „значка “ или име) од осум различни пазари ширум светот.

Новите пристигнувања не се сите глобални производи, бидејќи индустријата силно се движи кон локализирано производство и автомобили прилагодени на локалниот вкус. Еве резиме на она што беше воведено во текот на годината.

Кина станува се посилна

Речиси половина од новите автомобили претставени оваа година доаѓаат од кинески производители. Вкупно 79 модели беа претставени од компании од оваа земја. Европските производители се далеку зад нив, со претставени 47 нови модели.

BYD се најде на второто место во однос на новите производи. Како најпродаваниот производител на автомобили во Кина, не е невообичаено да се видат многу промени во неговата постава. Кинескиот производител претстави 14 нови модели: BYD Qin L, Seal 06, Seal 06 GT (електричен), Sealion 05, Shark (електричен), Song L DM, Xia, Yuan Up (електричен); Denza N9, Z9 хечбек и Z9 седан; Јангванг U7 и U9; Fang Cheng Bao Bao 8. Се очекува BYD да продаде повеќе од 4 милиони единици во 2024 година (се уште не се сумирани конечните продажни реултати од ланската година).

Кинескиот Geely претстави 10 нови автомобили: 3 од Lynk & Co, 3 од брендот Geely, 2 од ZEEKR, еден од Jiyue и еден од LEVC.

Останатите „куќи “

И покрај водството на Кина во рангирањето според потеклото- земјата од каде пристигнуваат новитетите, групацијата Volkswagen е таа која покажа најмногу нови модели во 2024 година.

Иако не го доживува својот најдобар момент, германската групација беше доста динамична во однос на откривањето новитети. Од јануари досега се претставени вкупно 19 нови модели, меѓу кои 8 Audi, 6 Volkswagen, 2 Skoda, и по еден од Cupra, Porsche и Lamborghini.

Впечатлив настап имаа и 13-те марки на Stellantis што претставија 12 нови модели. Тука Opel/Vauxhall води со две нови возила, Frontera и новиот Grandland. Останатите марки претставија по еден модел. Chrysler и Ram не презентираа ништо.

Јапонците претставија 16 модели, а Корејците следеа со 8 нови производи. Американските производители претставија 7 нови модели, потоа Индијанците (3), Виетнамците (1) и Иранците се тука со еден модел.

Ниту руски, турски ниту малезиски производители на автомобили не претставија нови автомобили во 2024 година.

За разлика од извонредните резултати постигнати во 2023 година, Toyota, најголемиот светски производител на автомобили, минатата 2024-та претстави само три нови производи: новиот 4Runner, bZ3X и Urban Cruiser.

Вкупен број на нови модели претставени во 2024 година од OEM
Volkswagen Group  19
BYD   14
Stellantis       12
Geely Group 10
Hyundai Kia  7
Chery Group 7
Changan Group 6
SGMW 5
SAIC  5
Nissan 5
Honda 5
F.A.W. 4
Renault         4
GM     4
GAC   4
Ferrari 3
Toyota 3
BAIC  3
Dongfeng 3
BMW  3

SUV моделите остануваат фаворити

Ништо ново, трендот продолжува – SUV моделите повторно беа префериран тип на каросерија за производителите на автомобили кои воведуваат нови автомобили. Според броењето направено со ова истражување, тие сочинуваат 57% од новите лансирања во 2024 година, или 92 нови модели. Интересно е што Кина не ја престигна Европа во овој сегмент, бидејќи претстави 24 модели наспроти 38 колку што шретставија европските производители. Следеа Јапонија, САД и Кореја, со претставени 14, 7 и 5 нови модели, соодветно.

Седаните сè уште се живи главно благодарение на Кина. Од 24-те нови модели што дебитираа, 20 беа претставени од кинески производители и само 2 од европски производители, еден од Кореја и еден од Јапонија.

Марките BYD и Geely предничат со 4 и 3 претставени нови лимузински модели соодветно.

Трет најпопуларен сегмент беа малите автомобили со 15 нови модели, а потоа следуваат спортските автомобили со 12 нови модели.

 

Вкупен број на нови модели претставени во 2024 година по тип на каросерија

SUV   92
Berlins          24
Utility vehicles         15
Sports 12
MPV   7
Station wagon         5
Pick up         4
City car         3

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK