Новиот Range Rover Sport пристигнува во 2022 година, соопштува JLR (Jaguar Land Rover), компанијата сопственик на овој бренд.
Како што пишуваат британските медиуми, промоцијата на новата, петта генерација на овој модел, ќе се одржи во 2021 година додека во производство спортската изведба се очекува година подоцна.
Засега се знае дека овој SUV ќе се темели на новата MLA (Modular Longitudinal Architecture), ќе биде далеку полесна од актуелната генерација, а ќе дојде и со plug-in хибриден погон.
Токму оваа електрична верзија се очекува да биде со два електромотри, со погон на четири тркала, и со едно полнење ќе поминува околу 500 км.