Доколку сакате лет, кој ќе биде според времето на летање, тогаш советите велат дека е најдобро да го избегнете Wizz Air, особено ако летате од или до Велика Британија.
Анализата која е направена за компаниите кои се со најголем број на патници и кои летаат кон Обединетото кралство, покажува дека унгарскиот нискобуџетен превезувач има најлош резултат на точност кога е во прашање времето на летовите. Од оваа компанија полетувале со просек од 23 минути доцнење во 2017 година.
На второто место е Norwegian со средно доцнење од 22 минути, а потоа следуваат Vueling Airlines, Thomas Cook Airline и BMI Regional.
На спротивниот крај од листата е Scandinavian Airlines, со доцнење од само седум минути, а со малку полоши бројки на листата се Aer Lingus, Air France, Alitalia и Delta Airlines.
Проучувањето на податоците од Службата за граѓанска авијација опфаќаат 44 авиокомпании со минимум 2000 редовни летови од аеродроми на Обединетото кралство во 2017 година.
Патниците можат да останат разочарани, откривајќи дека доцнењата се нешто вообичаено во авијацијата, а средното време на доцнење на сите летови е 15 минути. Од Wizz Air го посочуваат лошото зимско време како едно од главните објаснувања за доцнењата.