Во 2017 доаѓаат обновената Skoda Rapid и новиот Yeti

ОБЈАВЕНО НА:

Годинава Skoda го претстави големиот СУВ, Kodiaq со пет и седум седишта, а нова е и обновената Octavia. Во следната 2017 година, од Skoda би требало да дојде потврда за новиот Roomster, Yeti и обновената Skoda Rapid.

На саемот во Женева ќе биде претставен Kodiaq со новата Sportline опрема, треба да изгледа поагресивно, ќе има поголеми бандажи од легура, а веројатно и повисока спортска суспензија и ќе биде поставена пониско. Исто како со моделот Superb Sportline, и сега се очекува да има многу подобри перформанси од возилото.

skoda-yeti-test-mule-spy-photo-1

Но, во компанијата веќе работат на обновената верзија на Rapid што би требало кон средината на годината да биде и официјално потврдена. Сегашниот модел е на пазарот во Европа од 2012 година, и немаше значителни промени. Логично е да доби епрво одредено разубавување, а за некоја година и целосно нов модел. Истите промени и фејслифтинг се очекува и за моделот Skoda Spaceback.

Она што е позначајно за чешката компанија, е новата генерација на Yeti што треба да биде претставена во 2017 година. Продажбата на моделот се очекува во втората половина од следната година. Најверојатно Yeti ќе биде претставен на саемот во Франкфурт. Наместо PQ35 платформата сега ќе ја користи MQB платформата, а со тоа и тежината ќе биде намалена.

Би требало да се задржи изгледот, кој останува коцкаст, но Yeti би требало да преземе некои карактеристики од Kodiaq. Новото Yeti ќе биде поголемо од претходниот модел и ќе ја задржи пространоста во внатрешноста и во багажниот простор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK