Гувернерот на австриската покраина Тирол, Гинтер Платер одлучи дека возачите кои немаат крајна дестинација некое од малите места во таа покраина немаат што да бараат на локалните патишта и ќе мора да се возат по автопат.
Со години возачите кои не сакаат да платат вињетка создаваат голема гужва на патиштата (особено во текот на летните и зимските празници), а локалните власти тоа го следеа и ја донесоа наведената одлиука.
Како една од причините се наведуваат и проблемите за интервенциите на итната служба која не може да дојде на време до луѓето кои имаат потреба од помош. Локалните патишта кои се закрчени со сообраќај оневозможуваат брза реакција. Затоа оваа мерка ќе биде важечка до 13 април 2020 година. Затоа доколку патот ве нанесе во оваа покраина и се симнете од автопатот ќе мора да докажете дека вашата завршна дестинација во тој регион.
Ако не можете да докажете дека вашето патување завршува во Тирол, полицијата ќе ве врати на автопат, а во некои случаи ве чека казна и до 60 евра. Значи, скијачи внимавајте. Најдобро е да ја имате испринтано потврдата од хотелот или од приватниот смештај или зачувајте ја потрдата од е-mail пораката на вашиот мобилен телефон.