Внимавајте со кого се возите: Кај 23 автобуси за меѓуградски превоз утврдени неисправни сопирачки

ОБЈАВЕНО НА:

Откако полицијата почна да врши засилени контроли во сообраќајот на удар се најдоа и превозниците на патници. Последната контрола покажа дека значителен дел од тие превозни средства имаат НЕИСПРАВНИ СОПИРАЧКИ.

Санкционирани се 28 возила, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.), во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат меѓуградски превоз на патници. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK