Внимавајте колку ги затемнување стаклата на возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Ако не се придржувате на законот може да ве казнат со 300 евра глоба, а правното лице со глоба од 2.000 евра, плус глоба за одговорното лице во компанијата во износ од 30 отсто од казната за правното лице.

Затемнување на стаклата, особено страничните кај автомобилите е популарно. Но, понекогаш се претерува со процентот на затемнување, па затоа и собраќајната полиција може да го казни сопственикот, или на технички преглед да ви биде укажано за ваквата неправилност.

Ви се случило сигурно да семафор додека чекате да се вклучи зеленото светло до вас да се паркира возило во кое неможете да ги видите патниците. Или пак некогаш ниту од напред неможете да видите кој управува со возилото.

Сепак постои законско ограничување, колку можат стаклата да се затемнат. Секое непочитување на закоснките прописи значат и можност да добиете казна.

Стакла кои може дополнително да се  затемнат  до  тој  степен  што  пропустливоста  на  светлина  на  стаклото  заедно  со налепената фолија на него, да биде најмалку:

– 75% за ветробранското стакло и

– 70% за предните бочни стакла (кај возачот и совозачот – пред „B” носачите).

zatemneti-stakla-3

Ова не се однесува за тесната лента која се поставува на горниот раб на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита од сонце.

На ветробранското стакло дозволено е затемнување до 25%, додека кај стаклата кај возачот и совозачот дозволено е затемнување до 30%.  За задните стакла нема ограничувања доколку возилото има два ретровизори.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии.

zatemneti-stakla-1

Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од  30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

На правното лицe кое постапува спротивно на законот ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност. За прекршокот  ќе му се изрече глоба и на одговорното лице во правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Прекршочен  платен  налог  со  глоба  во  износ  од  300  евра  во  денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на правилата за затемнување на стаклата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK