Внимавајте колку брзо возите во населено место – казните се до 400 евра и забрана од 12 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Во зависност од тоа колку брзо сте возеле, можете да поминете само со парична казна или негативни поени, или пак да добиете и забрана за управување возило до 12 месеци.

Најчесто се движиме во градовите и населените места. Понекогаш „стискаме“ на педалот за гаста и сигурно ја надминуваме брзината што е ограничување. Според Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, на јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел. По исклучок може таа брзина да биде и поголема, но не може да биде поголема од 70 км/ч.

Е, ако ве фати полиција да ја надминете дозволената брзина, тогаш казната ќе зависи од тоа за колку километри сте ја надминале. Повеќе километри во плус, толку поголема казна.

Еве колку ќе платите ако возите побрзо од дозволеното..
Ако казната ја платите во рок од 8 дена тогаш ќе уплатите само половина од сумата. Ако решите да запишете поени, тогаш внимавајте да не ја надминете бројката од 100 поени во рок од три години. Во спротивно ќе ја загубите возачката дозвола.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 10 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите од законoт, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на законот, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK