Внимавајте како возите во Чешка: Полицијата доби на подарок BMW i8

ОБЈАВЕНО НА:

Кога полицијата има возило што може да развие 362 КС и да забрзува до 100 км/ч. за 4,4 секунди тогаш знаете дека со тоа возило нема шега. Уште ако патролира на автопат, уште повеќе треба да внимавате да не бидете пресретнати, бидејќи лесно може да добиете казна за брзо возење, а нема ниту каде да бегате.

Олеснително за нас е што ова возилото сега го има само полицијата на Чешка. Се работи за моделот BMW i8, и тој е дел од заедничкиот проект според кој полицијата на Чешка ќе го има автомобилот за патролирање на автопатиштата во следните шест месеци или до изминати 20.000 км.

Возилото има трицилиндричен 1.5 литарски мотор и плус електричен мотор. Ќе се користи за патролирање по автопатиштата низ целата земја, им асива боја со жолти и сини обележја. Опремен е со ЛЕД сини светла на покривот, и ЛЕД светла во предната маска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK