Дефект во инсталацијата на клима уредите во автомобилите е причина за пожар на голем дел од возилата на BMW произведени во периодот од 2006 до 2011 година. Покрај тоа има и втор проблем кај дел од возилата и со спој на вентилот на картерот. Нема потврда дали вакви возила има и на нашиот пазар.
Поради ова сопственици на 1.400.000 автомобили на BMW од моделите series 1, series 3, series 5, X3, X5 и Z4 ќе треба да ги посетат најблиските сервиси на компанијата за да се интервенира бидејќи е можно да се појави пожар во нивното возило.
Возилата од моделите BMW 323i, 325i, 325xi, 328i, 328xi, 330i, 330xi, 335i, 335xi и M3 (2006-2011), 328i xDrive, 335i xDrive и 335is (2007-2011) и 335d (2009-2011) ќе треба да ги посетат сервисите поради проблеми со инсталацијата на клима уредите, додека 128i (2008-2011) и 328i, 328xi, 328i xDrive, 525i, 525xi, 528i, 528xi, 530i, 530xi, X3 3.0si, X3 xDrive30i, X5 xDrive30i, Z4 3.0i, Z4 3.0 si and Z4 sDrive30i (2007-2011) поради спој на вентилот на картерот.
Препораката од BMW е сопствениците овие возила да ги паркираат на отворено додека не бидат остранети дефектите.