Внимателно секси дами: Во овие земји бикини може да ви донесе неволја

ОБЈАВЕНО НА:

Иако земјите на Запад по правило важат за послободни, и во нив можете да бидете казнети доколку надвор од плажата носите бикини. Таква казна може да ви биде доделена на пример и во Барселона, а во некои земји поради тоа можете да завршите и зад решетки.

Инстаграм моделот Кинси Голден неодамна на Филипини се возеше на мотор во бикини. Полицијата ја запре и ја предупреди да се облече. За среќа сè зарши само со предупредување бидејќи Кинси одлучи истото да го прифати.

Во друг инцидент учествувал еден маж кој на очигледно не му било доволно од луд провод. Тој на аеродромот во Палма де Мајорка се појавил во розеви бикини. За среќа, Шпанија е либерална земја, па успеал да мине без казна.

Таква среќа, сепак, немала дама која во бикини шетала низ шопинг центарот во Дубаи во 2010 година. Таа експресно била приведена со оглед на тоа што во овој пребогат град такви работи не се нималку дозволени.

Од друга страна, ако во Турција се прошетате низ град во бикини, може да ви се случи неколку часа или денови да ја запознаете внатрешноста на турските затвори. Непристојно облекување на Фиџи исто така не е дозволено, додека доколку сте во Индија на некои плажи би можеле да настрадате доколку се одлучите да се сончате топлес.

Муслиманските земји се прилично стриктни што се однесува до разголеноста. Така е во рајот на земјата, на Малдивите, каде е максимално дозволено сончање во бикини.

Со оглед на тоа што ништо не може да го уништи одморот повеќе од тоа да бидете уапсени или парично казнети, совет е секако да ги почитувате правилата на земјата која ја посетувате. Не си играјте со ова туку едноставно, доколку не ви се допаѓа фактот дека на Малдиви не е дозволено сончање топлес, одберете некоја друга дестинација, која е еднакво убава и атрактивна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK