Внимателно на автопат: Повеќе нема неплатени казни за странците во ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

Благодарение на обединувањето на заедничките податоци повеќе нема да можете да се извлекувате за невнимателно возење во странство. Европската унија ја унапредува прекуграничната соработка за да ги спаси животите кои се непотребно загубени поради сообраќајни прекршоци. Целта е да се намали бројот на жртви на сообраќајниците за половина до 2020 година, во однос на бројот од 2011. Ова може да спаси до 500 животи годишно.

Ако почнете да дивеете на автопат откако ќе ја преминете границата, ако не ги врзете ремените или минувате на црвено во странските градови, ако ги заборавите сообраќајните правила кога сте во друга земја, тогаш замислете се и преземете нешто во врска со тоа бидејќи повеќе нема да можете да се извлекувате неказнето.

Сообраќаен прекршок направен во странство е голем проблем во сите членки на Европската унија. Невнимателните мотоциклисти кои прават сообраќајни прекршоци кога возат надвор од своите земји често избегнуваат парични казни бидејчи националните полициски служби не можат да ги идентификикуваат. Поголемиот дел досега се извлекувале без казна. Можеби оттаму се прашувате дали презема Европската унија нешто во врска со тоа, а презема многу.

Вкупно 28 држави членки наскоро ќе може да разменува податоци за прекршителите и да наплатуваат казни во нивните земји дури и доколку прекршокот го направиле во друга земја. Резултатите ќе бидат повеќекратни. Удирање на возилото напред, пребрзо возење, употреба на мобилен телефон, возење под дејство на дрога или алкохол… Сето ова ќе се казнува.

Во пвиот бран ќе бидат само земјите членки на Еу, а потоа и земјите аспиранти. Тоа значи дека и македонските возачи наскоро ќе бидат вклучени во размената на податоците.

Кога ќе бидат откриени името и адресата, возачот ќе добие известување. Во најлош случај казната за пребрзо возење ќе бида добиена следното лето. Во најдобар, секоја година ќе бидат спасени барем 500 животи. Тоа е она најдоброто во целата приказна, особено што целта е да се намали бројот на жртви до 2020 година за пола во однос на 2011 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK