Внимание: Ова се најчестите грешки кои се прават на кружен тек! (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кружните сообраќајници се ефикасни и обезбедуваат брз проток на возилата отколку што е случај со семафорите. Сепак, статистиката зборува дека годишно се случуваат двоцифрен број на сообраќајни несреќни во круговите. Еве ги причините поради кои за некои возачи кружните текови се вистинска ноќна мора.

Неискусните возачи едноставно се губат кога ќе видат многубројни ленти и разни сообраќајни осветлувања. Важно е концентрирано да се остане во одговарачката лента за да може излегувањето да мине брз пцовки и мафтање со раката кон другите возачи.

Следната грешка е неодлучноста. Вашето или туѓото нагло кочење при влезот во кружниот тек може да направи голема штета бидејќи ете вие не сте можеле да се одлучите дали сакате или не сакате да се вклучите во кружниот тек. Исто така покажувачот за правец навистина не е потребен кога ќе се вклучите во кругот.

Ако сте успеале (конечно) да влезете во кружниот тек, важно е да се држите до својата лента на движење и да не се доближувате до автомобилот пред вас. Престројувањето правилно се изведува со навремено вклучување на трепкачот, но откако ќе се провери мртвиот агол.

Кога изгледувате од кругот, имајте на ум дека не сте сами во сообраќајот и обратете внимание на другите учесници. Трепкачот морате да го вклучите навреме и полека да се исклучите од кружниот тек. Во ситуација кога сте во кругот со повеќе прометни ленти, а вие сте во средната, треба да внимавате на возилата од десна страна кои потенцијално би можеле да го продолжат својот пат.

Паниката сигурно е најголем непријател на секој возач кој не е сигурен во себе. Важно е со смирена глава да донесете вистина одлука за ситуациите кои би можеле да ни се случат во кружниот тек. Некои знаат да запрат среде кружниот тек и така да се загрозат и себе и другите учесници во сообраќајот. Нема место за непромислени потези и докажување кој е посилен и побрз. Доколку го промашите излезот од кружниот тек никој нема да ви замери доколку одвозите уште некој круг по кружниот тек и излезете онаму каде што треба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK