Внимание: Ова е нoва шема зa крадење на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Крадците секогаш се иновативни кога станува збор за тоа како да се измани некој и да се украде возилото. Постојано се случува да се измислат нови методи со кои се измамуваат сопствениците.

Полицијата во Украина има нова задача односно нова истрага, а се работи за истажување на нова шема на крадење на автомобили. Покрај тоа се работи и на истржаување на повештите крадци кои крадат автомобили од салоните.

Измамата доаѓа од градот Харков, а доста брзо се шири и во другите земји низ Европа.

Се работи за следната шема: Додека се наоѓате во автомобилот, а тој е на паркинг или на семафор, пешакот минува покрај автомобилот и смеејќи се ви остава банкнота на шофершајбната под бришачот кој се наоѓа пред совозачот.

После ова се одалечува. Крадците сметаат на тоа дека возачот ќе излезе од автомобилот за да ја собере банкнотата и ќе ги остави клучевите внатре дури и автомобилот ќе биде вклучен. На тој начин чекачите во миг влегуваат во автомобилот се заклучуваат и тргнуваат. Има случаи (кога возачот го гаси автомобилот) во кои од автомобилот се крадат лични работи, бидејќи таа дури и изгасена останува отклучена.

Па ако некој ви остави банкнота на стаклото не мора веднаш да излегувате.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK