Внимание ако сте во Куманово: Пајакот подига до полноќ!

ОБЈАВЕНО НА:

Несовесните граѓани во Куманово во иднина нема да можат да се паркираат каде сакаат и како сакаат во попладневните и вечерни часови во градот и да создаваат сообраќаен метеж. Пајак службата на градот во иднина ќе работи до полноќ наместо до 16,30 часот.

ЈП „Куманово-паркинг“ во договор со сообраќајната полиција одлучи да го продолжи работното време на пајак службата во уште една смена до 24 часот, со цел да го спречи сообраќајниот метеж во градот во попладневните и вечерни часови.

Во вечерните и ноќни часови има голема фреквенција на возила и луѓе и возилата се оставаат непрописно паркирани на тротоари, зелени површини и се блокира сообраќајот.

Досега пајак службата делуваше повеќе превентивно, и дневно се подигаа од 3 до 5 неправилно паркирани возила. Одлуката за подигањето е на сообраќајната полиција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK