Внимание ако патувате во Р.Српска: Дури 75 отсто од возилата се неисправни

ОБЈАВЕНО НА:

Безбедноста на патиштата зависи од сите учесници, а не само од вас. Колку што вие внимавате и го одржувате автомобилот во добра состојба, истото тоа треба да го прават и другите сопственици.

Но, ако патувате во БиХ, односно во Република Српска треба да имате на ум дека три од четири возила се неисправни. Тоа го покажуваат резултатите од вонредниот технички преглед напшравен од 17 до 22 јули на 605 возила. од нив дури 455 биле технички неисправни.

Најчестите проблеми се со техничка неисправност на уредот за сопирање. Од сообраќај биле исклучени 373 возила, а кај 332 бил утврден проблем со сопирачките.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK