Алергиите се современа болест, и најчест облик на хронични болести во развиениот свет. Само во Европа околу 30 отсто од населението има проблем со некоја алергија. А тие не се составен дел од секојдневието само во периодот од пролет до есен, туку ги има во различни материјали кои можат да придонесат за силни имунолошки реакции како што се отекување на носнат ашуплина и бронхијалните патишта, или пак чешање на очите.
Затоа автомобилските производители бараат начин како ваквите материјали да не ги користат во изработката на своите возила.
Mercedes-Benz моделите почнувајќи од најмалиот модел A-class па се до S-class имаа потврда од Европскиот центар за истражување на алергиите (ECARF). Тие потврдуваат дека вредностите измерени во внатрешноста на автомобилот ги задоволуваат строгите барања и дека е тоа потврдено со тестови.
Новата постапка на испитување е развиена од страна на Mercedes – Benz, и се покажало дека и најситните алергенски честички успешно се иолирани во карбонскиот филтер. Резултатите биле потврдени и од страна медицински експерти.
Сега возачите кои имаат проблеми со алергиите можат без проблеми да дишат во внатрешноста на автомобилите на Мercedes. бројните компоненти што се вградени во внатрешноста се тестирани на инхалациски алергени пред автомобилот да влезе во производство.