Внатрешни проблеми: Нешто е труло во семејството на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Дизелгејт не е единствениот проблем на Volkswagen Group, што досега беше само надворешен фактор. Сега „ситуации“ се појавуваат и внатре во семејството, и едни дивизии се против другите. Сетоа тоа излегува на виделина, па ќе мора да се најде начин тоа да се смири. Засега VW одлично продава, но ако има недоразбирање внатре, тогаш тоа може да се одрази и на резултатите и на заработувачката. А парите секогаш се на прво место.

Првиот проблем се појави на релација VW – Skoda. Gерманските синдикати искажаа незадоволство од пазарните успеси на старата чешка марка. Благодарение на пониската цена на трудот во Чешка таму прават далеку конкуретно способни автомобили. Додека во Германија производството на VW опаѓа, во Чешка мислат како да се справи со недостиг на производствени капацитети и за нивното производство на клиентите веќе им се наметнува рок за испорака. А според профитабилноста Skoda веќе го надмина не само Volkswagen, туку и Audi.

Во Volkswagen засега не знаат што да прават – иако добивката на Skoda влегува во концернот, но сега настапува внатрешна канибализацја. Сигурно е дека на Skoda ќе и биде наметнато зголемување на износот за користењето на платформите и технологијата, а производството на некои модели може да биде пренесен во Германија, што неизбежно ќе доведе до зголемување на цената на автомобилите со „летечката стрела“ и пад на добивката. Тоа не може да не ги загрижува чешките синдикати, кои се обратија за помош до локалната власт.

Вториот скандал е многу свеж и е поврзан со дизелгејт. Од Audi признаа дека 3-литарските турбодизелски моторои кои е доставувала за моделите Cayenne и Macan имале лажни софтвери за прикривање на податоците за издувните гасови при тестирања на моделите. Сега од Porsche бараат обештетување од Audi за претрпената финансиски загуби во износ од 200 милиони евра.
Шефовите на спортскиот производител упатиле писмени барање кон менаџментот на Audi. Парите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за судските случаи против компанијата од државни институции, потрошувачки организации и приватни клиенти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK