На крајот на 2017 во Кина била отворена продавницата под реден број 100 на возила на Porsche на територијата на Кина. Ова беше соопштено од страна на компанијата која се одлучи новото продажно место да биде центарот Porsche Studio во Гуанжу. Од компанијата имаат намера ова продажно место да биде користено како нов начин на комуникација со нови групи на корисници.
„Во последните неколку години Кина се претвори во најголемиот пазар на возилата на Porsche. Спортските возила со четири врати се многу популарни во Азија, но барањето на нашите возила со две врати се зголемува многу брзо“, велат од Porsche.
Инаку, Кина прерасна во еден од најголемите пазари во светот, а во првите девет месеци од 2017 година биле купени повеќе од 5100 возила од моделите Boxter и Cayman.
Просторот ќе биде со зафатнина од 460 метри квадратни, а во новиот продажен центар на Porsche купувачите ќе можат да се запознаат одблизу со најновите модели.