Српските медиуми пренесуваат дека наскоро би можело дококолку возите низ центарот на главниот град, Белград, да морате да платите.
Како што пренесува Novosti, Секретаријатот за сообраќај распиша јавна набавка за изработка на студија за управување со сообраќајот во Белград преку модели за тарифирирање на пристапот во централната зона.
Со ова, градските власти се надеваат дека ќе ја намалат сообраќајната гужва во централното градско подрачје следејќи ги примерите на Лондо, Сингапур, Милано и други градови кои веќе наплаќаат за пристапот во строгиот центар.
Како што наведува изворот, оваа студија треба да биде дел од генералниот план за паметен развој на сообраќајот кој до 2033 година треба да се имплементира во Белград.